Search

Гацов: Растот на платите ќе ги зголеми мотивираноста на работниците и потрошувачката

Гацов: Растот на платите ќе ги зголеми мотивираноста на работниците и потрошувачката

„Македонските плати се најниски во Европа. Токму висината на платите е меѓу првите три причини за масовното иселување од земјата. Актуелната Влада, најави зголемување на просечната нето плата на 500 евра по работник месечно. Растот на платите засега е умерен, главно предизвикан од односот на понудата и побарувачката на работници, и секако од зголемувањето на минималната плата“, пишува Павле Гацов, претседател на Здружението на даночни советници на Македонија, во врска со новата мерка за субвенционирање на социјалните придонеси на зголемените плати во реалниот сектор.

„Владата со новата мерка ќе ги субвенционира придонесите од задолжително социјално осигурување за делот на зголемените плати, споредени со просечната месечна нето плата исплатена за последните три месеци, пред отпочнувањето на субвенционирањето на социјалните придонеси.

Забелешките дека покачувањето на платите треба да го следи трендот на покачување на продуктивноста на трудот, како да не важат кога се работи за односот на продуктивноста и исплатените дивиденди на сопствениците. Ефектите на успешноста на работењето на компаниите не се мерат само со порастот на продуктивноста, во предвид мора да се земат и економичноста, ефикасноста на користењето на средствата, повратот на средствата и повратот на капиталот, профитабилноста, извозноста,… итн“, вели Гацов.

Целиот текст на следниот линк!

Треба да знаете
Последни објави