Search

Гаф на Сити: Го купија Дијаз, а подаруваат дрес од Кулибали

Манчестер Сити направи голем гаф откако го претставија Рубен Дијаз кој дојде во Сити од Бенфика за 68 милиони евра.

Пеп Гвардиола ја заврши потрагата по нов дефанзивец со ангажман на Португалецот од Бенфика, кој беше „план Б“ откако Сити не успеа да се договори со Наполи за трансферот на Калиду Кулибали. Сепак, некој заборавил да им го пренесе тоа на вработените на веб-страницата, па под веста за Дијаз стоеше и организирана наградна игра од страна на клубот – прашајте го Калиду Кулибали прашање… и добијте дрес на Калиду Кулибали.

Грешката нешто подоцна беше исправена, но медиумите веќе имаа собрано „принт-скринови“ од големиот „кикс“, па денеска ширум фудбалска Европа се тера сеир на сметка на Манчестер Сити.

Треба да знаете
Последни објави