Search

Гатузо: Ја преземам одговорноста за елиминацијата

Тренерот на Милан, Џенаро Гатусо, ја презеде одговорноста за поразот од Олимпијакос во натпреварот од 6.коло од групната фаза на Лигата на Европа.

Овој исход во Атина значеше и елиминацијата на Милан од евро-сцената уште пред крајот на годината.

– Сакам да им се извинам на навивачите на Милан. Многу ми е жал. Според мое мислење, овој натпревар беше чуден и на крајот со казна за нашите промашувања. Но, изговори не треба да има. Ја преземам целата одговорност, изјави Гатузо.

Тој им замери на своите избраници дека играле без доволно жар.

– Џабе е се ако не се игра со срце. Бесен сум затоа што сметам дека требаше да одиме понатаму. Многу ми е тешко поради овој пораз, нагласи Гатузо.

Милан загуби вчеравечер од Олимпијакос со 3:1. Грчкиот тим се изедначи по број на бодови со „росонерите” но оди во плеј-офот од ЛЕ поради подобрата гол-разлика.

Треба да знаете
Последни објави