Search

Гатузо се договори со Наполи за плата од три милиони евра

Поранешниот тренер на Милан, Џенаро Гатузо, ќе го предводи Наполи, од каде претходно беше отпуштен Карло Анчелоти. Гатузо ќе потпише шестмесечен договор со Наполи со опција да се продолжи за уште една сезона – во случај на пласман во Лигата на шампионите, пренесува „Скај спорт Италија”.
До крајот на тековната сезона, 41-годишниот специјалист ќе заработи 1,5 милиони евра, а во следната – 3 милиони. Тој претходно одби понуди од Фиорентина, Џенова и Сампдорија.
Наполи под водство на Анчелоти избори учество во плеј-офот од Лигата на шампионите. По 15 кола, клубот го зазема 7. место во Серија А.

Треба да знаете
Последни објави