Search

Гатузо: Очекував многу повеќе од Милан

Тимот на Милан одигра 1:1 со Парма во саботата, откако ветеранот Бруно Алвеш се запиша со прекрасен удар од фаул три минути пред крајот, а тоа го налути тренерот на „росонерите”, Џенаро Гатузо.

Тој изјави дека очекувал многу повеќе од неговиот тим во битката за последната квота за Лигата на Шампионите.

– Очекував повеќе. Во првото полувреме бевме летаргични, а тие играа компактно и не ни оставаа простори. Успеавме сепак да го отвориме резултатот и играта, но постапивме многу наивно во крајот. Не требаше Парма да го добие овој слободен удар, изјави Гатузо.

Милан водеше со голот на Кастељехо во 69-тата минута и ако дојдеше до победата, тимот ќе имаше три бода пред Рома. „Волците” одиграа со 1:1 со Интер.

Треба да знаете
Последни објави