Search

Гатузо: Милан е во криза

Тренерот на Милан, Џенаро Гатусо, по денешниот пораз од Фиорентина (0:1), во натпревар од 17-тиот круг на италијанскиот шампионат, изјави дека неговиот тим е во криза.

  • Ова е, се разбира е тежок момент. Но, денес сме во вонредна состојба поради изобилството на повредите. Немам за што да го обвинам тимот. Овој резултат е тешко да се прифати, но ние не игравме доволно агресивно. Покрај тоа, немавме и среќа, рече Гатузо.

Тој побара да се зачува мирот во тимот и да не се бараат виновници.

  • Точно е дека Миламн се соочува со криза ако ја погледнеме статистиката. Само треба да најдеме мир и да престанеме да бараме жртвени јарци, апелира предводникот на „росонерите”.

Милан по 17 кола се наоѓа на петтото место во Серија А со 27 бодови.

Треба да знаете
Последни објави