Search

Гатузо за Ибра вели дека е подобар сега отколку пред 12-13 години

Екипата на италјанскиот фудбалски калчолигаш  Наполи чиј член е македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во 8. коло од Серија А како домаќин загуби од Милан (1-3). Елмас доби шанса да влезе на теренот дури во 90. минута!

По поразот поранешниот играч на Милан, сега тренер на Наполи, Џенаро Гатузо се пожали дека неговите играчи немаат доволно искуство, а го пофали ветеранот од редовите на Милан, Златан Ибрахимовиќ, кој ги постигна првите два гола.

-Милан верува во Ибрахимовиќ, а тој дава сѐ од себе без разлика на годините. Дури и мислам дека сега е подобар отколку пред 12 или 13 години. Не е случајно што на дерби мечевите создава шанси, но не ги користиме, а потоа премногу мислиме зошто сме утнале и веруваме дека немаме среќа. Мора да се фокусираме на тоа што мсе случува на теренот, тоа е нашиот главен проблем. Не ми се допаѓа односот – изјави Гатузо.

Милан нема пораз сезонава. Лидер е на табелата со  20 бодови, шест повеќе од шестопласираниот Наполи, кој, пак, е во серија од три домашни порази по ред.

Треба да знаете
Последни објави