Search

Гатачка на аспарагус тврди дека Меган и Хари ќе добијат близнаци

Џемима Пакингтон, гатачка на аспарагус, во утринската емисија на британската телевизија предвиде дека Меган Маркл (37) ќе роди близнаци на крајот од месецот.

Војводата и војвотката од Сасекс деновиве очекуваат принова. Во понеделникот во Британија пристигна мајката на Меган, Дорија (62), за да биде со својата ќерка.

Пакингтон тврди дека својата дарба за читање на иднината ја открила многу рано, а аспарагусот почнала да го фрла на осумгодишна возраст. Таа исто така тврди дека близнаците ќе бидат девојче и момче, а имињата на кралските бебиња ќе имаат букви А и Н, според „Дејли мејл“.

Гледачите на емисијата This Morning повеќе се смееја отколку што поверуваа во овие предвидувања.

Треба да знаете
Последни објави