Search

Гастарбајтер по потекло од Центар Жупа загина во несреќа на градилиште кај Тревизо

Гастарбајтер по потекло од општина Центар Жупа загина во несреќа на грдилиштето каде работел во близина на Тревизо, Италија.

-Тоа е нашиот сограѓанин Назиф Ајдароски (48), кој со години работи во градежништво во областа Тревизо, каде што живее голема заедница од нашата општина. Родум е од селото Бајрамовци, а подолг период живееше во село Житинани, од каде замина за Италија. Голема трагедија, изјави за МИА, жител на Житинани.

Ајдаровски бил оженет и татко на три деца на 19, 17 и 10 -годишна возраст.

За трагичниот настан известуваат и италијанските медиуми според кои обивинителството во Тревизо отворило истрага, а обвинителката Даниела Брунети наредила да се изврши обдукција на телото за да се открие причината. На распит биле повикани одговорните лица.

Фатална несреќа се случила во средата на градилиште на куќа во местото Каерано Сан Марко.

Ајдаровски отстранил скеле во кое имало метални прегради кои се користеле за правење бетон на надворешниот ѕид од куќата. Кога видел како тешката плоча паѓа врз него, Ајдаровски се лизнал наназади со главата удрил во канта за собирање отпадно масло. Тој починал веднаш, иако медицински екипи .

Во Италија живеат и работат повеќе илјади жители од оваа, од општина Дебар и од подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше.

Треба да знаете
Последни објави