Search

Гасперини: Аталанта можеше да постигне повеќе голови

Тренерот на италјанскиот фудбалски калчолигаш Аталанта, Џанпјеро Гасперини рече дека неговиот тим можеше да постигне поубедлива победа. Аталанта ја совлада Валенсија со 4:1 во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.

– Ова е извонреден резултат, игравме добро и можевме да постигнеме повеќе голови. Секако, предноста од три гола е многу добра. Требаше да бидеме повнимателни во последните минути. Нивниот погодок би можеле да се избегне. Сакам да постигнеме гол на „Местаља”, не сакам да имам проблеми. Сега е време да славиме, рече Гасперини по дуелот со шпанскиот тим.

Реванш натпреварот ќе се игра на 10 март во Валенсија.

Треба да знаете
Последни објави