Search

Гасол аут до крајот на регуларната сезона во НБА

Шпанскиот центар на Милвоки Бакс, Пау Гасол, нема да игра најмалку до крајот на регуларната сезона поради повреда на левиот скочен зглоб.

Ветеранот ќе биде отсутен од теренот околу еден месец.

Гасол ја започна сезоната во Сан Антонио Спарс, а пред околу три недели тој се приклучи на лидерот на Источната конференција како слободен агент и досега се одигра само три натпревари.

Оваа сезона Пау Гасол има 3,9 поени и 4,6 скока во просек по натпревар во вкупно 30 дуели.

Треба да знаете
Последни објави