Search

Гарсија: Ќе треба да постигнеме уште еден гол во Торино, ако сакаме да одиме понатаму

Францускиот Лион иако важеше за аутсајдер во двомечот со италјанскиот Јувентус во осминафиналната пресметка од фудбалската Лига на шампионите го доби „првото полувреме“ одиграно пред сопствените гледачи (1:0). Реваншот е во Торино закажан за 17 март.

Тренерот на францускиот тим Руди Гарсија е задоволен од играта и залагањето на неговите играчи. -Воопшто не е лесно да се победи „старата дама“ со Кристијано Роналдо и останатите ѕвезди на шампионот на Италија. Задоволен сум, ова е голема победа за нас. Најважно е што успеавме и да ја сочуваме мрежата. Можеби имавме шанси и за втор погодок, но нема да гледаме на победата во заби. Не е лесно да се победи Јувентус. Остваривме голем триумф над голем тим, со ѕвезди како Роналдо, Пјаниќ, Дибала…Секако ќе настојуваме да постигнеме еден гол и на реваншот. Тоа ќе мора да го сториме ако сакаме да се пласираме во следната рунда – вели Гарсија.

Лион не му дозволи на Јувентус да се размавне. Го блокираше по целиот терен, а во текот на 90 минути му дозволи да испрати само еден удар кон голот на Антони Лопес.

Треба да знаете
Последни објави