Search

Гарсија го освои турнирот во Нотингем

Француската тенисерка Каролин Гарсија го освои ВТА турнирот во Нотингем, откако во финалето ја порази хрватската тенисерка Дона Векиќ.

Иако на Хрватицата убедливо и припадна првиот сет кој го освои лесно со 6:2 во гемови, следните два сета со тесен резултат 7:6 и 7:6 и припаднаа на француската тенисерка и годинешната освојувачка на турнирот.

Денешното финале е седмиот меѓусебен дуел на двете тенисерки, при што Гарсија води со четири победи пред Векиќ.

Треба да знаете
Последни објави