Search

Гарнитури на „Нефа мебел“ на багателна распродажба во Србија

Четриесеттина дена откако преку ноќ ги затвори продавниците во Србија и Македонија, мебелот од  руската компанија „Нефа“ деновиве се најде на распродажба во Србија, пишува „Блиц“.

На една од најпопуларните страници за трговија за користени и нови работи се појави понуда од речиси целокупниот асортиман на „Нефа“, од фотелји до аголни гарнитури, а цените се до 240 евра за аголна гарнитура.

Постојат неколку опции кои можат да објаснат од каде “Нефа мебел” е достапен за продажба, само месеци и пол  откако оваа компанија е официјално ликвидирана. Едната е дека станува збор за мебелот што го зеле вработените од салоните за продажба за да си ги наплатат неплатените приходи. Втората е дека мебелот е од салоните и фабриките во Сомбор и во Врање, како и од магацини, а кој како покритие за неплатените приходи им припаднал на менаџерите. Третата е дека мебелот се продава во име на руската компанија, а четвртата е дека се добавувачите кои првично не успеале да наплатат за испорачаните услуги, па побарувањата ги наплаќале преку преземање на мебел.

Управителот на Hollodex doo Белград, сопственикот на „Нефа мебел“ дооел Скопје, Виталиј Сергеев пред еден месец во отвореното писмо до јавноста ги информира купувачите и сите вработени дека сите ќе го добијат својот мебел или пари кои им следуваат.

Треба да знаете
Последни објави