Search

„Гардијан” го фати Груевски во Будимпешта, еден месец по бегството од Македонија

Еден месец по бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија поради избегнување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк”, новинар на британски Гардијан објави негова фотографија на Фејсбук.

– Го фатив жив! Пребегниот екс македонски премиер забележан во Будимпешта, напиша дописникот на Гардијан од Будимпешта, Даниел Нолан на Фејсбук.

На фотографијата, прва откако е избеган од Македонија, се гледа Груевски и уште едно лице во близина на пивница во главниот град во Унгарија.

Груевски ја напушти Македонија на 12-ти минатиот месец. Со помош на унгарски дипломати, преку Албанија, Црна Гора и Србија избега во Унгарија, каде што побара и доби политички азил.

Македонските власти по Груевски распишаа меѓународна потерница и побараа тој да биде екстрадиран во Македонија.

Груевски е обвинет во неколку предмети на Специјалното јавно обвинителство, за што Собранието му го одзеде имунитетот, а за дел од нив во отсуство му е одреден и притвор.

Во тек е истрага за тоа како побегнал Груевски и кој му помогнал.

Треба да знаете
Последни објави