Search

Ганц го одби Нетанјаху да формираат коалициска Влада

Лидерот на Сино-белата алијанса, Бени Ганц ја одби понудата на Бенјамин Нетанјаху заедно да формираат коалициска Влада.

„Никогаш нема да влеземе во коалиција која ја предводи Нетанјаху“ рекол претставник на сино-белите.

Израелскиот премиер и лидер на Локуд, Нетанјаху денеска го повика својот главен ривал да формираат коалициска Влада.

Нетанјаху изјави дека по изборите, што се одржаа пред два дена, станало јасно дека не е можно да се формира десна Влада, поради што го повика Ганц да формираат коалиција.

По одбивањето на понудата од Ганц, Нетанјаху на Твитер објави дека неговата понуда да се сретнат се уште стои. „Тоа го очекува од нас јавноста“рекол лидерот на Ликуд.

Треба да знаете
Последни објави