Search

Ганиу: Обезбедивме бесплатен автобус за учениците од Визбегово кои следат настава во Чаир

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, денеска објави дека потпишал договор со Јавното сообраќајно претпријатие на Град Скопје (ЈСП), со што е обезбедена бесплатна автобуска линија за учениците од Визбегово кои следат настава во општина Чаир.

 Ганиу договорот го потпиша со генералниот директор на ЈСП, Кристијан Чушков и градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски.

 Со овој договор, најдено е трајно решение за сите ученици од населбата Визбегово, кои учат во општините Чаир и Бутел.

 Овој проблем настана откако наставата со физичко присуство се прекина минатата година, а со наставата и автобуската линија  што ги превезуваше ученици од оваа населба.

Ганиу информираше дека овој превоз на ученици ќе важи до моментот кога ќе заврши изградбата на основното училиште за учениците од населбата Визбегово.

Треба да знаете
Последни објави