Search

Ганиу: Го потпишавме договорот за изградбата на новиот објект “Бамби” на детската градинка “Фидани”

Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу го потпиша денес договорот за изградба на новиот објект “Бамби” на детската градинка “Фидани” во Чаир со Министерството за Труд и Социјална Политика. Со ова се е спремно по завршувањето на вонредната состојба да го започнеме и процесот на изградба.

Оваа капитална инвестиција ќе изнесува 150.600.910 денари и ќе обезбеди просторен капацитет со современ стандард за 350 деца во предучилишното образование.

Треба да знаете
Последни објави