Search

Галијани му порача на Бобан да молчи

Поранешниот фудбалер на италјанскиот калчолигаш Милан, Звонимир Бобан кој во клубот изминативе седум месеци ја доби довербата да ја извршува функцијата спортски директор пред две недели доби отказ ! Хрватот Бобан кој беше дел од трофејнагенерација на Милан како играч е отпуштен бидејќи во медиумите често ја критикуваше работата на директорот Иван Газидис.
И по отказот Бобан не престана да го критикува работењето во својот поранешен клуб кој не ги бележи посакуваните резултати. Во интервју за „Газета дело Спорт“, Бобан, го споредил Милан со Северна Кореја.
Овој настап во медиумите на Бобан не го премолчи поранешниот директор на клуб Адријано Галијани.
– Не ги сака луѓето кои кога ќе добијат отказ одат по медиумите и делат совети како
требало да биде. Кога работиш во клубот тогаш се грижиш, а кога ќе заминеш најдобро
е да молчиш. Јас така направив, изјавил Галијани.
Бобан му се спротивставил на Газидис и го критикувал дека тој без консултации со него и легендата на клубот Паоло Малдини самиот решил да го ангажира за тренер германскиот стручњак Ралф Рангник.

Треба да знаете
Последни објави