Search

(Галерија) Шлаканица од Чешка, ќе мора да се вадиме со Австрија

Македонија загуби од Чешка со 25:27 по катастрофалното второ полувреме во кое примивме 18 гола, иако на полувремето  беше 11:9, па сега виси пласманот во вториот круг.

„Црвено-жолтите“ се вратија и стигнаа до израмнување, но немаа сили за целосен пресврт. Македонија целосно потфрли во нападот, а најзаслужен за овој чешки триумф беше голманот Галија, кој со серија извонредни интервенции ги исфрли од ритам нашите ракометари во вторите 30 минути.

Со денешниот порааз нашите шанси за следниот круг сериозно се намалуваат, бидејќи ќе мора да се брка победа во последното коло против домаќинот Австрија.

Треба да знаете
Последни објави