Search

(Галерија) Одбележани 13 години без Тоше кај новоизграденото спомен-обележје на Гумење

Земјава и Балканот се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред тринаесет години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб. Како и во изминатите години, во чест на Тоше трчаа десет маратонци кои денеска напладне стигнаа во Крушево на неговото вечно почивалиште на Гумење.

Тринаесет години од смртта на Тоше се одбележаа кај новоизграденото спомен-обележје на неговото почивалиште на Гумење, за кое Владата обезбеди 10 милиони денари. Премиерот Зоран Заев беше еден од многуте посетители кои запалија свеќа во спомен на Проевски и положија цвеќе на неговиот гроб.

На музичката ѕвезда почит ѝ оддадоа и велосипедисти од тиквешкиот регион кои од 20 септември во рамки на проектот „Од срце за Тоше”  возеа низ цела држава за да пристигнат во Крушево. Спомен-куќата на Тоше во Крушево е отворена за посетители со почитување на протоколите за заштита од вирусот.

Фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави