Search

Галеб украл кеса со марихуана и спасил маж од апсење

Маж од Шведска успеал да избегне апсење кога галеб му ја украл кесата со марихуана и одлетал со неа.

Бизарната кражба се случила пред очите на полициските службеници кои биле на чекор да го приведат мажот откако ја здогледале кесата во неговите раце.

Полицајците во цивилки патролирале на Фестивал на културата во Гетеборг кога забележале жена како слободно пуши марихуана, а додека приоѓале го затекнале и мажот кој немарно се обидувал да ја сокрие кесата со дрогата. Во тој момент се појавил галебот, а полициските службеници останале без својот „улов“. Тие стоеле и гледале како доказите исчезнуваат кон небото, пренесуваат медиумите во земјата.

Треба да знаете
Последни објави