Search

„Газета експрес“: Снимките на ИСИС се монтираат во Косово, на една е и убиениот водач Ал Багдади

Четворица Албанци, Беко Идризи, Беким Фидани, Илбер Бела и Фатон Иваја, кои се борат за Исламска држава (ИД), избегале од затворот во источна Сирија и повторно се активни, што може да се види во неколку видеа објавени минатиот месец.
Како што објави приштинска „Газета експрес“, видеата се титлувани и на албански јазик и на нив се гледа убиениот водач на Исламска држава Абу Бакр Ал Багдади. На една од снимките е прикажан Албанецот Фатон Иваја со тешко вооружување.
На снимките се повикува на жртвување на Божјиот пат, а ИД испраќа заканувачки пораки до Соединетите Американски Држави.
„Газета експрес“ исто така пишува дека овие видеоснимки се монтираат на Косово, тврдејќи дека информацијата е „потврдена од извори во безбедносните служби“. Весникот исто така наведува дека видеопораките на ИД се снимаат „некаде на границата меѓу Турција и Сирија“.
Експертот за безбедност, Дризан Шала, укажува на потребата институциите за безбедност во Косово да работат повеќе за да ги идентификуваат оние што објавуваат видеа.

Треба да знаете
Последни објави