Search

ГАВИ: Првите сознанија за потенцијалната вакцина против коронавирус се можни на есен

Првите индиции за ефективноста на потенцијалната вакцина против коронавирус се можни на есен, изјави Сет Беркли, извршен директор на Сојузот за вакцини, ГАВИ, додавајќи дека верува оти вакцината нема да биде достапна уште долго за јавноста.

-За жал, ние навистина не знаеме која вакцина ќе делува и дали воопшто ќе ја имаме. Ако имаме среќа, ќе ги имаме првите индикации за ефективноста на вакцината наесен, рече Сет Беркли во интервју за NZZ am Sonntag.

-Но, сепак ќе се помине долг пат за да се добие одобрена активна супстанција достапна до глобалното население во големи количини.

Тој повика на заеднички глобални напори за производство и дистрибуција на потенцијалната вакцина. Беркли рече дека е потребен меѓународен договор за градење на капацитет на производство, така што откако ќе се најде вакцината, да може побрзо да се произведе.

-Земјите треба да работат заедно за да можат да ги споделат вакцините едни со други во случај нечија вакцина да не е валидна“, рече Беркли, додавајќи дека е можно некои вакцини да работат подобро кај младите, а некои за постарите возрасни групи.

Тој ја повика Светската здравствена организација да објави јасни упатства за употреба и дистрибуција на вакцината за да се спречи вакцината прво да стане достапна за богатите на штета на оние на кои им е најпотребна.

Ако снабдувањето со ефективна вакцина првично е ограничено, треба да се користи за имунизација на здравствените работници, рече Беркли.

Треба да знаете
Последни објави