Search

Габриел Жесус среќен што се „ослободи“ од притисокот на Гвардиола

Габриел Жесус објасни дека главната причина што си замина од Манчестер сити во Арсенал е што му се „смачило“ од побарувањата на менаџерот Пеп Гвардиола.

25-годишниот Бразилец замина во северен Лондон за 45 милиони фунти и имаше совршен почеток со 4 гола во 8 настапи, велејќи дека се чувствува „ослободен“ во новиот тим.

„Се работи за тоа како Гвардиола го разбира фудбалот и што сака од своите фудбалери. Потоа, имаш избор да го прифатиш тоа или не. Ако не го прифаќаш, тогаш е ‘благодарам’ и одиме понатаму. Го прифаќав тоа некое време, но сепак, потоа си кажав дека сакам нешто повеќе за мене. Му се заблагодарив, тој ме разбра и одиме понатаму. Тука во Арсенал е поинаку. Фудбалот е поинаков, поинакви фудбалери, поинаков начин на игра. Во Сити, напаѓачот нема многу контакт со топката, погледеите ги нивните натпревари. И кога е време да се допре топката, тоа ќе го направи нема да биде напаѓач, бидејќи Гвардиола ќе доближи фудбалер од средниот ред. Зборував со Микел Артета за стилот на игра и тој добро ме познава. Сега сум слободен на теренот, играм со насмевка на лицето и го давам максимумот“, вели Жесус за „ЕСПН Бразил“.

Жесус постигна 95 гола за Сити во пет и пол сезони во тимот, освојувајќи четири титули од Премиерлигата.

Треба да знаете
Последни објави