Search

Вo Иран 26 лица починаа од коронавирус, порасна и бројот на заразени во Италија

Од епидемијата на коронавирус во Иран починале 26 лица, соопштија властите, додавајќи дека неколку службени лица се заразени од вирусната пневмонија.Министерството за здравство соопшти дека денеска починале седум лица, со што бројката на починатите се искачи на 26.Надлежните информираат дека 245 луѓе биле заразени со новиот вирус.

Бројот на заразени со коронавирус во Кина се искачи на скоро 80.000 лица, а регистирани се и 2.746 смртни случаи.Вирусот се рашири во уште 44 држави кад има 3.256 случаи на зараени со вирусот, а регистриран е и 51 смртен случај.

Во Италија, земја со најмногу заразени во Европа, бројот на заболени од коронавирусот се зголеми на 650.Седумнаесет лица починаа во Италија, а најголем број случаи на заболени од вирусот има во Ломбардија и Венето.

Треба да знаете
Последни објави