Search

(Вo живо) Филипче: Идентификувани сите патници кои биле со заразената пациентка со коронавирусот

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва одржува прес конференција во врска со коронавирусот. Оваа е втора прес конференција денеска откако на претходната соопшти дека во Македонија е потврден првиот случај на заразен со овој вирус.

Се работи за 50 годишна жена која дошла од Италија, а нејзината состојба е стабилна.

Министерот Филипче информираше дека сите патници со кои патувала жената заразена со корона вирус се идентификувани и се тестирани. Сите тие ќе останат дома се додека не се дознаат резултатите.

Треба да знаете
Последни објави