Search

В среда истекува мандатот на судијата Маркудова, Уставен суд со апел до Собранието да ги избере останатите уставни судии

Во среда, на 7 декември истекува мандатот на судијата Вангелина Маркудова. Уставниот суд апелира Собранието да ги избере и останатите судии, информира денеска портпаролката на Уставниот суд Христина Беловска.

Како што појасни таа, еден предлог треба да дојде од страна на Судскиот совет, односно тој да биде избран од редот на судиите.

Со завршувањето на мандатот на судијата Маркудова, Уставниот суд ќе функционира со шест судии. Останува Собранието на Република Северна Македонија да избере уште тројца судии на Уставниот суд.

Треба да знаете
Последни објави