Search

В сабота второ издание на Sharra Challenge

Второто издание на предизвикот на Шар Планина, Sharra Challenge 2019, со трки во трчање и велосипедизам од Тетово до Попова Шапка, ќе се одржи в сабота, 20 јули.

Во програмата на настанот застапени се трките во планинско трчање, планински велосипедизам и друмски велосипедизам.

Стартовите на трките се закажани во 9 часот на плоштадот во Тетово, а пријавувањето за учество е отворено преку веб-страницата www.prvdovrv.mk. За најдобрите е обезбеден паричен награден фонд од 60.000 денари.

Трките претставуваат континуитет на веќе добро познатите натпревари Прв до врв на Водно во Скопје, но овој пат со поголем предизвик во целите кои ќе преба да ги совладаат учесниците, во поглед на должините на патеките и висинската разлика. Патеката за трчање е во должина од 10 километри и од Тетово минува покрај селата Гајре и Лисец до целта на Попова Шапка. Патеката за планински велосипеди е долга 20 километри и од Тетово минува покрај селата Шипковица и Лисец до целта на Попова Шапка, додека друмските велосипеди ќе возат по асфалтниот пат до целта. На сите три патеки ќе се совлада висинска разлика од околу 1200 метри.

Настанот го организира здружението за спорт и рекреација Прв до врв во соработка со Општина Тетово и со поддршка на деловната и општествената заедница.

Треба да знаете
Последни објави