Search

Вчера заврши 13 издание на настанот „Пастрамалијада” воШтип

Вчера заврши 13 издание на настанот „Пастрамалијада” за 2019 година кој траеше 3 дена.

Во петок, 20.09.2019 г., градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски го отворија 13 издание на штипската пастрамалијада, со сечење на џиновската пастрамалија.

Градоначалникот Бочварски во своето поздравно обраќање на гостите им постака да уживаат во добра храна, добро расположение и дружба којашто ја овозможува овој настан.

На настанот „Пастрамалијада” за 2019 година свои настап имаа: Кентаур, Arre brothers band, Нокаут & Игор Џамбазов, Агушеви, Мартинијан Кириловски, Антонија Гиговска, No End, Викторија Лоба, Tropico band, Данијела Мартиновиќ.

Свој голем придонес на овој настан даде и балканската ѕвезда, Светлана Ражнатовиќ-Цеца.

Граѓаните на Штип и гостите од останатите градови и држави, во Штип имаа викенд исполнет со забава и промоција на штипската пастрамалија.

Треба да знаете
Последни објави