Search

Вујовиќ: Македонците не се реални, не знам зошто беа толку разочарани од поразот од Црна Гора

Легендарниот Веселин Вујовиќ кој повеќе години беше тренер и на скопски Вардар, смета дека македонската публика си го преценува својот национален тим, и имала нереално големи очекувања на Европското првенство во ракомет.

-Црна Гора на ниту еден меч не беше фаворит, а знаев дека ако се влезе машки во рамноправна завршница, ќе ја победиме Словенија која нема карактер и нема дефиниран лидер. Не знам зошто е толкаво разочарувањето во Македонија после поразот од Црна Гора. Тоа како тие ги гледаат своите играчи и тимот, не е реално, изјави Вујовиќ.

Вујо даде мислење и за иднината на Кирил Лазаров како селектор на Македонија.

-Мислам дека сите селектори од поранешна Југославија ќе се извлечат со короната како алиби, само Врањеш нема да остане селектор на Словенија. Кирил Лазаров е млад тренер и има огромен авторитет, па нема да биде критикуван, прогнозира Вујовиќ.

Треба да знаете
Последни објави