Search

Вујовиќ за одржаните „лекции“ на судиите заработи двојна казна од ЕХФ

Црногорскиот ракометен стручњак Веселин Вујовиќ, кој жестоко ги критикуваше судиите по поразот на неговиот тим ППД Загреб од Фленсбург  (25-26) во 11. коло од Лигата на шампиони, заработи двојна казна од ЕХФ. Вујовиќ ќе трерба да плати парична глоба од 2.000 евра, но и нема да може да го предводи хрватскиот првак ППД Загреб на саботниот дуел во групата од ЛШ со Барселона.

ЕХФ му ја изрече оваа казна на темпераментниот Вујовиќ поради непримерното однесување кон судиите по мечот со Флензбург, кога тренерот на хрватскиот тим замина во соблекувалната кај судиите и почнал да им држи лекции.

 

Треба да знаете
Последни објави