Search

Вујовиќ дојде и си замина од Загреб

Ракометниот стратег Веселин Вујовиќ ја напушти клупата на хрватскиот првак ППД Загреб. Од хрватскиот тим потврдија дека Вујовиќ си заминува поради приватни причини.

Вујовиќ кој пристигна во Загреб пред само три дена по принудната пауза поради коронавирусот  одржа еден заеднички тренинг со играчите и одлучил да се врати назад.

-За жал поради лични причини и приватни проблеми кои не можат да ги решам ако сум отсутен од Србија, морам да го напуштам Загреб. Жал ми е што си одам, но не можам да бидам на две места во исто време. Кога ќе го решам проблемот, ако Загреб сака, може да се вратам. Му се заблагодарувам на раководството за разбирањето и жал ми е што ги доведов во незавидна позиција со моето заминување. Се надевам дека играчите имаа корист од мене во својот напредок. Ќе ги следам и ќе навивам за нив и за клубот. Загреб ми е втор дом и ако ситуацијата дозволи, јас сум секогаш подготвен за камбек, вели Вујовиќ за официјалниот веб-сајт на Загреб.

Црногорецот Вујовиќ своевремено беше тренер и на македонскиот првак Вардар кога беше под капата на Михајло Михајловски. Со враќањето на Михајловски во Вардар повторно се подгреваат страстите дека Вујовиќ може да пристигне во Скопје.

Треба да знаете
Последни објави