Search

Вујовиќ го „распарчи“ Червар: Зошто не “плачеше” кога…

Веселин Вујовиќ не ја искоментира елиминацијата на Хрватска од главната фаза на мундијалот веднаш по поразот кој го претрпе од Германија, но сепак 24 часа по мечот во Келн направи деталната анализа во стандарната колумна која ја напиша за угледен медиум.

Вујо во улога на стручен коментатор за угледниот хрватски медиум направи неколку интересни анализи, а ако во претходната рунда во неколку наврати ги испофали Червар, сега во свој стил го подбра повозрасниот колега, порачувајќи дека не може да го сфати неговото плачење по поразот од домаќинот на турнирот.

– Хрватска беше оштетена против Германија, и тоа перфидно и грубо. Но, сепак не би рекол дека ја покрадоа. Се до тој кобен момент беше добро за Хрватска, но и за данскиот судиски пар кој сигурно ќе биде санкциониран. До тој момент се беше исклучително коректно судено. Германците сметаа дека ќе минат лесно со Хрватска по натпреварот кој го видоа со Бразил. Очекуваа лесен меч и на почетокот не вршеа притисок врз судиите. Но, Хрватска играше со срце, храбро и почнаа Германците да паничат. Судиите цел меч судеа коректно, а потоа намерно погрешија. Да сакаа правилно да ги интерпретираат правилата, не само што Карачиќ немаше да добие пробивање, туку и ќе го исклучеа Виде за симулирање. Колку што се сеќавам, во продолжение од акцијата топката стигна до Штрлек кој беше фаулиран за седум метри. Тоа беше грд крај, тие сцени оставија лош впечаток на мечот, – објаснува Вујо кој во продолжение го „распарчи“ Червар.

– Знам дека ова што се случи ги повреди луѓето во Хрватска, тоа боли, но толку големото кукање и плачење на господинот Червар не ми е баш јасно. Па тоа не е ни коректно. Имаше случаеви кога некои други тренери кукаа на некои одлуки против нив на натпреварите со Хрватска, но тогаш на него не му беше гајле за другите. Навистина ми е жал што Хрватска испадна, но не испадна поради поразот од Германија, туку поради дебаклот со Бразил. Некогаш се запрашувам дали Червар однапред ги подготвува и предвидува натпреварите, дали ги полни играчите со сите информации, бидејќи на тајм-аутите нема што да им каже. Она што тој го кажува на минутите одмор може да го каже секој обичен минувач на улица. Луѓе мои, тоа може да го каже било кој со повеќе жар и ентузијазам, она што не ми е јасно е тоа како еден таков човек може да води тајм-аути на репрезентација како Хрватска. Еден пријател од Хрватска ми испрати состав од Хрватска на кој ги имаше неговите забелешки. Пишуваше „овој, ти, вие двајца, оној малиот….“ Хрватска со некој помлад тренер ќе направи многу подобар резултат, во тоа сум сигурен, – без влакна на јазикот заклучува словенечкиот селектор.

Треба да знаете
Последни објави