Search

Вујовиќ: Ваков Вардар ќе загубеше и од било која екипа во македонскиот шампионат

Тренерот на македонскиот ракометен првак и двократен европски шампион Вардар, Веселин Вујовиќ, беше видно разочаран од изданието не неговите избраници во поразот од Монпелје (25-31) во 4. ко.ло од групата А во Лигата на шампионите пред своите гледачи кои направија одлична атмосфера во „Јане Сандански“. Според Вујовиќ ова треба да биде шлаканица која доаѓа во вистинско време за да се освестат и повторно да фатат победнички ритам. За Вујовиќ загубените топки и многуте неискористени удари кон противничкиот гол се главен фактор што Вардар загуби од францускиот тим. Кажа дека со вакво издание, Вардар би загубил и од послаб тим од Монпелје без да потцени или навреди некого.

-Без никого да потценам или омаловажам, но среќен сум што денеска не игравме со било која екипа од македонскиот шампионите, оти со ваква игра сигурно ќе загубевме, а не од Монпелје изјави Вујо.

Треба да знаете
Последни објави