Search

Вујин знае како треба Вардар да одигра против Мешков за да се врати непоразен

Сеуште актуелниот европски машки ракометен првак Вардар, в среда (18.45 ч.) ќе ја почне новата сезона во елитното клупско натреварување Лигата на шампионите на гостински терен кај белорускиот  Мешков Брест. „Црвено-црните“ кои до крајов на годинава ќе го имаат епитетото актуелни европски прваци, бидејќи за тогаш е закажан завршниот турнир за да се добие новиот европски владетел, се надеваат дека ќе ја почната сезоната победничи. Ветеранот Марко Вујин, еден од новаците во ремонтираниот тим на „црвено-црните“ е свесен оти нема да имаат лесна задача да против Мешков, екипа за која од во сезона ќе настапува настапува поранешниот вардарец Сташ Скубе.

-Почнува ЛШ, мислам дека одработивме квалитетни подготовки. Ова е една сосема нова екипа. Имавме некои потешкотии во пријателските мечеви со нашата воиграност, но работите одат на подобро од ден на ден и секако очекувам наша добра партија во Брест. Мешков го гледавме на Ф4 во Задар, сериозна екипа која има многу искуство во ЛШ и дефинитивно ќе биде тешко. Во Лигата на шампиони нема лесни противници. Ако одиграме квалитетна средба со добра одбрана, напад, добра полуконтра и малку технички грешки можеме да се надеваме на добар резултат -истакна искусниот Вујин пред заминувањето на вардаровата експедиција за Белорусија.

Треба да знаете
Последни објави