Search

Вучуќ нема да оди во Загреб на Конгресот на ЕПП

Претседателот на Србија и лидерот на Српската напредна партија (СНС) Александар Вучиќ нема да патува во Загреб каде требаше да учествува на Конгресот на Европските народни партии (ЕПП) кој ќе се одржи во хрватската престолнина на 20 и 21 ноември. За ваквата своја одлука писмено го известил претседателот на ЕПП Џозеф Даул, пренесуваат српските медиуми.
Во писмото, Вучиќ му се заблагодари на водачот на ЕПП за поканата да се обрати на Конгресот во Загреб, на кој беше повикан како претседател на СНС, наведувајќи ја хајката која против него се води во хрватските медиуми. Лидерот на СНС рече дека подготвил „сериозна анализа на настаните во регионот, како и она што сите би требало да го направиме заедно во наредниот период“, оценувајќи дека во последните неколку недели се случува „вистинска медиумска хајка“ во скоро сите хрватски медиуми против неговото доаѓање.
-Би сакал да додадам дека никакви вистински причини за таков вид на хајка, ниту имало, ниту ги има, освен тоа што во некои кругови во хрватското општество не можат да се навикнат на посилната улога на Србија и на фактот дека Србија економски расте и политички не е веќе на колена, рече Вучиќ.
Вучиќ во писмото истакнува дека најважниот дел од неговата политика останува „подавање рака и отворена врата за подобри односи меѓу Србите и Хрватите, меѓу Србија и Хрватска во иднина“, но наведува дека истовремено на било каков начин не сака да влијае на „понатамошно влошување на позицијата на Србите во Република Хрватска“.
-Поради сето погоре наведено, ве известувам дека нема да присуствувам на нашиот Конгрес во Загреб, сметајќи дека така ви ја олеснувам работата, а моето отсуство, ве молам разберете го како доказ на сила и желба да ги менуваме работите на подобро, а не како доказ на слабост, наведува Вучиќ.
Изразувајќи надеж дека односите меѓу Србија и Хрватска ќе бидат многу подобри во иднина, Вучиќ го повика Даул еден од идните важни настани за ЕПП да организира во Србија, „каде што сите се добредојдени и каде ни против било кој член на ЕПП нема да се спроведува потера и хајка“.
-Ве молам, пренесете ги моите честитки до нашата партиска колешка Урсула фон дер Лајен за изборот за шеф на Европската комисија, уверен дека во овие тешки времиња ќе ѝ покаже на цела Европа зошто нашиот ЕПП е најдобар, најсериозен и најодговорен избор, се наведува исто така во писмото.
Како за крај Вучиќ мапишал: Нападите врз мене, дури и по одлуката на која најголемиот дел од хрватско општество се надеваше, ќе продолжат. Земете го тоа само како доказ за секој од зборовите напишани овде.

Треба да знаете
Последни објави