Search

Вучиќ ја напушти зградата на Претседателството, претходно играше шах

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ излезе од зградата на српското Претседателство, пишува „Б92“.

Тој ја напуштил зградата бидејќи веќе се разишле граѓаните кои се собраа попладнево во пресрет на обраќањето на Вучиќ.

Голем дел од демонстрантите се упатија пред полициска станица во Белград каде бараат ослободување на приведените поради синоќешниот упад во зградата на РТС.

Српскиот претседател претходно, за време на протестите, објави на „Твитер“ фотографија како во Претседателството игра шах со министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ.

„Во претседателството одмор пред вечерните активности. Храброста и чесноста секогаш ги победуваат насилниците“, напиша Вучуќ.

Треба да знаете
Последни објави