Search

Вучиќ: Тадиќ не го апсевме, иако купи „мерцедес“ како Груевски

Српскиот претседател Александар Вучиќ во емисијата „Кирилица“ вечерва на телевизијата „Хепи“ меѓу другото говореше како Груевски избегал од Македонија, односно кога и како поминал низ Србија на пат кон Унгарија.

Објаснувајќи дека Србија не моѓела да го уапси Груевски бидејќи немало потерница и дека Србија, Црн Гора и Албанија направиле се според законот, Вучиќ потести дека и поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ исто како македонскиот премиер набавил блинидран „Мерцедес“.

И Тадиќ на ист начин набави автомобил, но немаше никаква причина тој да биде уапсен бидејќи тој не оствари никаква противправна корист, а „мерцедесот“ остана на државата, рече Вучиќ.

Поранешниот претседател на Србија во 2010 година набави блинидран „мерцедес“ за кој спрските власти платија 600.000 евра, исто колку што чинеше „мерцедесот што го купи владата на Груевски.

Треба да знаете
Последни објави