Search

Вучиќ служел печење на свечениот ручек кој го приредил по повод Денот на државноста на Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ приредил свечен ручек по повод Денот на државноста на Србија во зградата на Претседателството, објавено е на Инстаграм профилот на „Иднината на Србија“. Вучиќ ги служел гостите со традиционално печење. Меѓу гостите бил и патријархот на Српската православна црква, Иринеј.

Српскиот претседател Вучиќ имал и гости од Македонија, градоначалникот од општина Центар, Саша Богдановиќ како и претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ.

 

Треба да знаете
Последни објави