Search

Вучиќ: Руската вакцина Спутник 5 пристигна во Србија

Руската вакцина Спутник 5 пристигна во Србија, објави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Тој рече дека пристигнале 20 дози вакцини и дека се наоѓаат во Торлак.

-Пристигнаа 20 дози што одат во нашите лаборатории. „Безбедносно информативната агенција” (БИА) ги препрати до Торлак, а сега нашите експерти и луѓето од Агенцијата за лекови имаат време да ги испитаат во наредните денови и недели и да кажат дали можеме да го прифатиме тоа или не“, изјави Вучиќ за РТС.

Тој рече дека вакцината Фајзер, која исто така побара регистрација, ќе биде тестирана.

„Очекуваме да ги добиеме првите количини вакцина Фајзер пред крајот на годината, тоа ќе биде мал дел, но ќе добиеме значително поголем дел во јануари и февруари“, рече Вучиќ.

Тој рече дека „беснее вистинска војна“ меѓу производителите на вакцини, но и дека оние кои се експерти ќе ги испитаат оние кои сакаат да се регистрираат во Србија.

Вучиќ исто така рече дека „никој не е луд да ви даде вакцина што ќе го труе народот“.

Запрашан што ќе каже Брисел заради руската вакцина, тој рече дека не го интересира што ќе каже Брисел доколку Србија одлучи за руската или кинеската вакцина, но тој е заинтересиран за животот на граѓаните.

„Не ми е гајле што ќе ми каже некој, туку здравјето на луѓето. Ја почитувам Европа, но најмногу ја сакам Србија и најмногу ги сакам луѓето што живеат во Србија, без оглед на нациите. Наша обврска е да спасиме животи. Јас ќе направам сè за да спасам уште еден живот, дури и ако поради тоа трпам најлошите напади од Брисел, Пекинг, Москва”, рече Вучиќ.

Треба да знаете
Последни објави