Search

Вучиќ: Разговарав со Ѓоковиќ, видовме малтретирање, шиканирање и многу обвинителни лаги

Бесмислени се аргументите на обвинителот, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ и додаде дека штотуку се слушнал со најдобриот тенисер на светот.

Како што додаде Вучиќ разговарал со Новак Ѓоковиќ и кажал дека едвај чека да го види во Србија.

„Да малтретираш тенисер 10 дена, а потоа да донесеш одлука за која знаеш од самиот почеток. Веднаш да кажеа дека неможат да влезат невакцинирани немаше да дојде. Вака направи се што треба, а потоа почна малтретирањето од невидени размери. Нешто како лов на вештерки. Видовте во најбесмислениот процес, колку лажат, колку лаже обвинителот“, рече Вучиќ.

Додаде дека аргументите на обвинителот се бесмислени.

Во март ќе ги пречекаме неспоредливо подобро австралиските спортисти. Нема да се изживуваме, и нема да покажеме сила над нив. Ќе се однесуваме неспоредливо подобро, и ќе покажеме дека сме неспоредливо подобри од австралиската влада. Сметаат дека со ова го понижиле Ѓоковиќ. Не, тие се понижија , а тој може со крената глава да се врати во својата земја“, изјави Вучиќ.

Треба да знаете
Последни објави