Search

Вучиќ: Прошетката на кучиња не може да се прави за време на полициски час

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска објави дека многу брзо ќе биде укината одлуката со која се дозволува шетање на куче за еден час во текот на забраната за движење.

Вучиќ рече дека и претходно бил против дозволувањето на луѓето да ги шетаат своите миленици во тоа време.

„Бев лут за одлуката да им дозволиме на луѓето да ги шетаат кучињата и таа одлука за кратко време ќе биде укината. Јас тоа ви го гарантирам. Мислите дека тоа е затоа што јас сум негативец и не сакам кучиња? Мојата ќерка има куче”, рече Вучиќ.

Тој им порача на сопствениците на кучиња да ги шетаат во 5.15 наутро и 15 часот попладне.

„Поважни од се ни се човечките животи и оваа забрана не е ничиј каприц“, истакна Вучиќ.

За потсетување, полицискиот час како превентива од коронавирусот, во Србија трае 12 часа – од 17 попладне до 5 часот наутро.

Треба да знаете
Последни објави