Search

Вучиќ прв во Србија ќе ја прими вакцината за Ковид, а која ќе биде бесплатна за сите

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ по седницата на Претседателството на СНС изјави дека до март во Србија треба да стигнат до 350.000 вакцини, што е доволно за 175.000 лица, односно ќе може да се покрие здравствениот систем, како и поголем дел до војската и полицијата.
„Мораме да пробаме пред Нова година да ги набавиме вакцините за да можеме да им помогнеме и на пензионерите и оние луѓе кои се најзагрозени“, објасни Вучиќ.

Тој изјави дека е важно да може да се обезбеди безбедност и здравје за граѓаните.

„Јас ќе ја примам вакцината од првиот производител кој и да е тој, Ана од вториот, некој друг од третиот, буквално ни е сеедно. Само ни е важно луѓето да можат да ја примаат вакцината“, рече Вучиќ.

Тој соопшти и дека вакцината ќе биде бесплатна за сите и дека ќе биде платена од државата.

-Трамп вели дека пензионерите ќе ја добијат вакцината бесплатно. Ние на сите ќе им ја дадеме бесплатно. Прво здравствените работници ќе добијат задолжителна вакцина, па војската и полицијата. Кризниот штаб ќе направи распоред каков што треба, објасни Вучиќ.

Треба да знаете
Последни објави