Search

Вучиќ по средбата со Макрон: Го молев да ни помогне за косовското прашање

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е сонувач ниту фантазер за да мисли дека францускиот претседател Емануел Макрон ќе го промени мислењето за косовското прашање.

,,За Франција, Косово е независно, за Србија не е. Мора да разбереме дека постојат земји кои размислуваат поинаку. Макрон е еден од ретките лидери кои сакаа да не слушнат”, рече Вучиќ на прес-конференцијата по состанокот со францускиот претседател во Белград.

Тој рече дека има доверба дека Макрон сака да го зачува мирот и стабилноста на Балканот и дека верува во она што тој ќе го изнесе како идеја за решавање на косовското прашање.

,,Го молев да ни помогне да го решиме ова прашање, тој беше отворен и чесен да сослуша. Величествени заклучоци по овој состанок не се можни”, рече Вучиќ.

Треба да знаете
Последни објави