Search

Вучиќ потврди дека ќе се сретне со Тачи и Харадинај во Берлин

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, потврди дека го прифатил повикот на Германија и Франција на 29 април да има состанок со претставници на Приштина во Берлин.

Вучиќ изјави дека освен тој и премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, во Берлин се повикани и претседателот и премиерот на Косово, Хашим Тачи и Рамуш Харадинај.

Приштинската телевизија „Клан Косово“ претходно јави дека претседателите на Албанија и на Србија, како и претставници на приштинската администрација би требало да се сретнат на 29 април во Берлин на покана на Германија и Франција, а дека една од темите ќе биде дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Според косовската телевизија, на состанокот би требало да присуствуваат и премиерот и претседателот на Албанија, Еди Рама и Илир Мета.

Вучиќ, исто така, рече дека има намера да побара и состанок со рускиот претседател, Владимир Путин.

Треба да знаете
Последни објави