Search

Вучиќ: Поблиску сме до предвремени парламентарни избори

Српската напредна партија (СНС) не донесе конечна одлука за предвремени парламентарни избори, но сега сме поблиску до нив отколку порано, изјави вечерва српскиот претседател Александар Вучиќ по завршувањето на седницата на Претседателското на неговата партија.

Вучиќ, кој е и лидер на СНС, нагласи дека конечната одлука за распишување предвремени избори не била донесена, иако сите членови на Претседателство гласале „за”, освен него, кој бил „воздржан”.

Тој потенцира и дека Претседателството на СНС му изразило едногласна поддршка за неговата одлука да не преговара со лидерите на опозициската коалиција Сојуз за Србија (СзС), Драган Ѓилас, Вук Јеремиќ и Бошко Обрадовиќ.

– Нема да дозволиме насилство. Во светот досега не е видено она што го најавуваат фашистот Обрадовиќ и тајкуните Ѓилас и Јеремиќ, што вклучува блокади и оневозможување на градските функционери да одат на работа, порача Вучиќ.

Треба да знаете
Последни објави