Search

Вучиќ од авион: Летам за Париз за да се борам за нашата Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, реагираше на синоќешните демонстрации во Белград и Нови Сад. Вучиќ се обрати од авионот во кој одлета за Париз на средба со францускиот претседател Емануел Макрон.

„Драги граѓани, ви ветив дека ќе можеме да ги заштитиме мирот и стабилноста и покрај криминалните, хулигански насилни напади од кои сите сме шокирани“, рече Вучиќ.

Тој во видеопораката изјави дека е шокиран затоа што во Нови Сад во 1941 година, кога фашистичките единици извршиле напад, не ја оштетиле фасадата на Градското собрание, како што некои луѓе го направија тоа во синоќешните демонстрации.

Само ги замолувам сите наши луѓе во Белград, Нови Сад и сите други градови да не се спротивставуваат на насилниците, тоа ќе го сториме ние како држава“, рече Вучиќ.

Вучиќ додаде дека Србија ќе го зачува мирот и дека предавањето никогаш не било опција.

„Сега летам за Париз, за ​​да се борам за нашата Србија. Се гледаме наскоро, Србија победува“, рече тој.

Треба да знаете
Последни објави