Search

Вучиќ одликуван со Златен медал за заслуги на градот Атина

Претседателот на Србија се состана со градоначалникот на Атина, Костас Бакојани, кој му врачи Златен медал за заслуги на градот Атина.

https://www.instagram.com/p/B55AETIpUfJ/

Бакојани истакна дека Златниот медал што му го доделил на претседателот на Србија е признание за неговиот придонес во големото пријателство што ги поврзува српскиот и грчкиот народ, како и знак на почит кон неговата личност.

Во рамки на дводневната посета на Грција, тој се сретна и со грчкиот претседател Прокопиус Павлопулос  на кого му се заблагодари за поддршката на територијалниот интегритет и суверенитет на Србија, како и за европскиот пат на Србија истакнувајќи дека Србија ќе го поддржи територијалниот интегритет на Грција и нема да го промени својот став за Кипар.

https://www.instagram.com/p/B542smeJoNW/

Вучиќ истакна дека Србија и Грција на политички план се поддржуваат во сите меѓународни организации и институции, додавајќи дека двата народа секогаш биле рамо до рамо кога им било најтешко.

Треба да знаете
Последни објави