Search

Вучиќ: Никому нема да дозволиме да го наруши мирот во Србија

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, во своето денешно, второ за два дена обраќање на нацијата го коментираше вчерашниот протест во Белград, каде што неколку илјади лица излегоа на улиците по најавата од негова старна дека ќе се врати на сцена полицискиот час во српската престолнина поради влошената ситуација со пандемијата предизвикана од коронавирусот. Вучиќ кој се обраќа изјави дека сите луѓе во Србија ноќеска биле сведоци на најбруталното политичко насилство во последните неколку години.

-Тоа што се случи вчера беше агресивен политички протест, против сите правни акти, не бил пријавен во полиција. Тие го нападнаа Собранието, влегоа во него, што претстува две кривични дела, буртално нападнати полициските сили, ги навредувале, ги каменувале. Полицијата трпеше неверојатен притисок, и одговори тек кога лицата направија инцидент во Парламентот кога ја искршија влезната врата, рече Вучиќ кој најави санкции за организаторите, и за сите оние кои направиле кривично дело.

-Нанесена е голема материјална штета на Србија“, рече Вучиќ кој напомена дека протестот нема врска со коронавирусот, и ги повика луѓето да не излегуваат на протести.

Вучиќ во обраќањето истакна дека е направена голема материјална штета, како и уривање на угледот на Србија.

-Ги разбирам политичките фрустрации, но никому нема да дозволиме да го наруши мирот во Србија. Оваа порака важи за оние кои се во државата, но и за оние однадвор – додаде Вучиќ и ги повика граѓаните да не излегуваат вечерва повторно на протести, бидејќи денеска е вториот најлош ден со црната статистика според бројот на новозаразени од коронавирусот.

-За Париз ќе патувам рано изутрина, наместо вечерва. Ќе бидам помалку одморен за разговорите со макрон, само да им покажам дека не се плашам и не бегам. Ги молам луѓето да не излегуваат за да не се доведеме во ситуација од поголемо мширење на заразниот вирус. Денеска имаме 357 новозаразени лица од 8.600 тестирани, починаа 11 лица, а на респираторна машина се приклучени 118 пациенти – е поракта на Вучиќ.

 

Треба да знаете
Последни објави